Правилото 30-30-30 за телото од вашите соништа? Истражувавме нов хит метод за слабеење


Доколку сте се нашле во потрага по нов начин за слабеење, можеби овој вирален метод е напреван токму за вас?

Стана многу тешко да се разликува митот од вистината на Интернет, особено кога се дискутираат теми за здравје и убавина, а ова е само уште еден во низата трендови на TikTok кои го ветуваат телото од вашите соништа. Летото е веднаш зад аголот, а ние (не)можеме да ви кажеме дали овој тренд вреди да се следи или е само уште една измама создадена исклучиво за губење на вашето време.


За што всушност се работи?

Методот 30-30-30 вклучува три многу едноставни чекори – консумирајте 30 грама протеини 30 минути по будењето, по што треба да направите 30 минути кардио вежби со низок интензитет.

слика

Секој 30 има своја улога

30 грама протеин по оброк со нешто на страна или самостојно е одличен начин да го започнете денот. Многумина од нас се борат со глад во текот на денот, а една од главните причини за тој глад е едноставната причина што не внесуваме доволно протеини во оброците. Протеините се клучен дел од исхраната и секој наш оброк треба да ги содржи, особено појадокот, за да имаме добра основа и доволно енергија за остатокот од денот и до следниот оброк. 30 грама протеини секое утро секако е добра навика, но не гарантира драстично слабеење, ветува повеќе ситост и енергија и одржување на добро ниво на протеини во исхраната.

Кога зборуваме за вежбање, 30 минути пешачење, возење велосипед, возење ролери или лесно трчање се примери на вежби кои не надминуваат 135 отчукувања во минута, се со низок интензитет и малку го подигаат расположението и енергијата. Добро е што овие вежби не се ниту физички ниту психички напорни, што автоматски го олеснува нивното следење.

Воведувањето на овие навики во вашиот живот не може да му наштети, одржувањето на добро ниво на протеини и вежбањето дефинитивно може да го промени вашиот живот на подобро во однос на расположението, дисциплината, нивото на енергија и ситоста, некој би изгубил тежина во тој процес, но дали е ова метод направен исклучиво за слабеење?

Може да помогне, но

Правилото 30-30-30 не гарантира губење на тежината, но тоа не е причина веднаш да го отпишете. Овој метод всушност има добра основа од која може да започне почетник кој се бори со промена на животниот стил. Правилата се концизни и едноставни и не бараат многу време и труд, што е многу добар вовед за некој кој не е запознаен со многу поголемиот свет на фитнес и велнес.

Иако експертите тврдат дека овој метод нема големи ризици, сепак е потребно да се внимава на опсесивно однесување. Ваквите трендови со строго дефинирани правила за време и количина често доведуваат до пореметување во исхраната, а на таквите работи потребно е дополнително да се внимава при вклучување во такви методи.

Секој поединец е различен во секој поглед, вклучувајќи го и здравјето. Постојат безброј начини на исхрана и вежбање, а најдобриот начин да одредите што ви одговара е начинот на кој реагирате на различни методи. Може да биде 30-30-30, но и нешто повеќе или помалку интензивно.