„ПРАКТИЧНА ЖЕНА“ СПОДЕЛИ ВИДЕО ШТО ЌЕ ВЕ РАСПЛАЧЕ ОД СМЕА! Синот ги пробал колачињата и рекол: Не многу добро…

Сите љубители на добрата храна , стручни рецепти и кулинарски содржини, емисијата „ Практична жена “ чиј водител е Наташа Павловиќ со години е омилена.

Водителката веќе извесно време е активна на социјалните мрежи каде што сама си прави храна и споделува рецепти, па многу фанови на популарната емисија се присутни и на приватните профили на Наташа.

Наташа Павловиќ

Токму денес таа објави многу интересно видео на кое нејзиниот син ги оценува колачите кои ги правела неговата мајка, а судејќи по коментарите, на малиот не му се допаднале слатките.

Тој им се обратил на „фановите“ на англиски јазик, ја пробал тортата, а потоа изјавил дека не е баш добро направена и по кратко размислување и дал оценка 5 од максималните 10 што можела да ги добие на мајка си.

Наташа многу се насмеа на споменатата содржина, но сепак остави рецепт во описот на клипот за оние кои сакаат да го пробаат.