Праска-одлична храна за негување на кожата

Праските се нискокалорични и затоа се препорачуваат за сите што се на диета. Во само 100 грама праски се содржани само 40 калории. Овој плод има поголемо количество вода.

Помага во исфрлање на наталожените токсини во телото и ја подобрува работата на органите за варење. Праската е ретко овошје што во себе содржи селен.

Одлична храна за негување на кожата и токму поради тоа лекарите препорачуваат задолжително јадење праски кога температурата е повисока од 30 степени. Праските го неутрализираат штетното дејство на УВ-зраците.

Праските делуваат благотворно и на нервите.

Тие се богат извор на растителни влакна. Токму растителните влакна ја потпомагаат работата на органите во дигестивниот систем, а многу помагаат и во намалувањето на холестеролот во крвта.