Откако Собранието кон средината на месецов не го усвои Извештајот за работата на Судскиот совет за 2023 година, пратениците ќе одлучуваат за разрешување на членовите на Советот избрани од парламентот и именување на нови на нивно место.
Станува збор за петмина ччленови на Судскиот совет, а за можноста за отпочнување на процедурата денеска информираше претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Таа, како што кажа спикерот, е уредена со Деловникот и ќе се води во Комисијата за изборите и именувањата.
„Негативниот извештај за Судскиот совет значи дека Собранието ги отповикува на некој начин. Тоа значи дека може да отпочне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови. Процедурата е одредена во Деловникот, значи во Комисијата за избори и именувања, како биле назначени, така ќе бидат и разрешени и така ќе оди повторното назначување на нови членови“, изјави Гаши по брифингот со новинарите.