Пред пет дена квизот Кој сака да биде милионер се појави прашање кое имаше два точни одговори.
Прашањето се појави во емисијата што се емитуваше пред пет дена и гласи: Која земја има најмногу победи на Евровизија? Во одговорите беа понудени Шведска, Италија, Ирска и Шпанија.
Натпреварувачот Миомир го доби прашањето, а тоа беше во износ од 40 илјади динари, односно на осмото прашање. Миомир одговорил дека одговорот е Ирска и квизот го прифатил како точен.

Меѓутоа, прашањето има два точни одговори, а тоа се Шведска и Ирска. Со овогодинешната победа на Евровизија, Шведска го израмни рекордот на Ирска, а сега двете земји имаат по седум победи на Евровизија.