„ПРВАТА ДАМА НА ФРАНЦИЈА Е МАШКО“ Макрон за прв пат проговори за гласините што кружат, кажа само едно
За време на конференцијата по повод Меѓународниот ден на жената, францускиот претседател за прв пат ги спомена гласините кои кружат за неговата сопруга.
Откако Емануел Макрон стана претседател на Франција во 2017 година, Брижит Макрон беше мета на разни гласини. Веќе неколку години се вели дека првата дама на Франција е всушност маж. Според некои гласини, таа е „родена под името Жан-Мишел Троњо“.
Откако почна да кружи оваа лажна информација, две жени се тужени поради тоа. Но, тоа не било доволно да ги запре злите јазици, пишува француски Индипендент.
Поради тоа на вчерашното обраќање се огласи и Емануел.
– Имаат карамели во главите наместо мозок – рекол Макрон.