ПРВАТА ЖРТВА НА БОМБАШКИОТ НАПАД ЗА ВРЕМЕ НА СЕДНИЦАТА ВО УКРАИНА! Почина пратеник – ден пред тоа му ја ампутирале ногата…

За потсетување, нападот се случи на 15 декември околу 11:30 часот во зградата на Месната заедница, а во таа прилика се повредени 26 лица.

Виктор Павловиќ (55), еден од пратениците кој беше ранет кога политичарот фрли најмалку две рачни бомби за време на седницата на советот во Закарпатија, почина во болница од здобиените повреди, јавија украинските медиуми. *Потсетуваме, нападот се случи на 15 декември околу 11:30 часот во зградата на Месната заедница, а во таа прилика беа повредени 26 лица.

Павловиќ, кој е родум од селото Березники, починал синоќа во болница, а ден претходно лекарите морале да му ја ампутираат ногата. Тој од операционата сала бил префрлен на интензивна нега и бил во многу тешка состојба, а синоќа им подлегнал на повредите. Пријателите се збогуваат со Виктор на социјалните мрежи. Велат дека бил добар човек и не веруваат дека повеќе го нема.