Првата фотографија од кралот Чарлс по објавата дека боледува од рак

На фотографијата се гледаат кралот и неговата сопруга Камила во автомобил додека се возат кон Бакингемската палата

Кралот Чарлс Трети е фотографиран за прв пат откако беше објавено дека боледува од рак.

На фотографијата се гледаат кралот и неговата сопруга Камила во автомобил додека се возат кон Бакингемската палата.

Тој попладнево се врати во палатата и се верува дека со хеликоптер летал во Сандригам.

Скај њуз пишува дека сообраќајот накратко бил запрен пред Кларенс Хаус, нивниот дом во Лондон нешто по 15 часот и 30 минути, а покрај нив поминале два црни теренци.