ПРВАТА ЧАНТА НАПРАВЕНА ОД ВОЗДУХ: Вака изгледа ова РЕМЕК-ДЕЛО, НАСА направи историски потфат (ВИДЕО)

Бренд Коперни, со помош на Американската вселенска агенција ( НАСА ), ја дизајнираше својата најнова иновација – женска чанта направена од 99 отсто воздух и 1 отсто стакло.

Чантата „Air Swipe“ , која има неверојатен состав, ја измислил професорот Јоанис Михалудис со помош на револуционерниот аергел на НАСА направен од наноматеријали од силициум диоксид.

Овој материјал е опишан како многу нежен и нераскинлив, а новата чанта е најголемиот артикл направен од овој материјал.

Пред да влезе во светот на модата, НАСА го користеше овој материјал за собирање ѕвездена прашина, бидејќи може да издржи екстремна топлина и притисок 4.000 пати поголема од неговата тежина.

Еден следбеник на Инстаграм се запраша дали оваа чанта е само украс или има практична намена, а тимот на Коперна одговори:

„Може да држи iPhone ;)“.

Coperni е бренд кој се етаблира како лидер во футуристичката мода и е познат по авангардните производи кои ги поместуваат границите.

На пример, тие претставија фустан создаден со помош на спреј, кој го носеше супермоделот Бела Хадид.

По тој Интернет спектакл со познатиот супермодел, брендот потоа ги пушти роботите на својата писта за шоуто есен/зима 2023 година.

Минатата сезона, Coperni претстави револуционерна верзија на својата популарна чанта „Swipe“, онаа која функционира како ЦД-плеер.