ПРВА ИЗЈАВА на Милош Теодосиќ по гласините дека се разведува? Пријателот откри што му кажал кошаркарот за бракот со Јелисавета

Нивната врска деновиве е главна тема во српските медиуми.
Како што пренесува „ Ало “, актерката Јелисавета Орашанин и Милош Теодосиќ наводно се разведуваат по седум години брак. Ниту Јелисавета ниту Милош не се огласија досега за да ги демантираат или потврдат овие наводи. Српските новинари се обиделе да стапат во контакт со Јелисавета за да дознаат дали е тоа вистина, но таа не одговорила на нивните повици.

Како што наведоа дел од домашните медиуми, нивната врска веќе подолго време е на стаклени нозе, но фотографиите кои се појавија по оваа информација велат друго. Тие се фотографирани заедно синоќа и денеска како влегуваат во автомобил пред зграда и заминуваат во непознат правец.

Еден од најблиските пријатели на Теодосиќ проговорил за „ Република “ и открил што се случувало во нивниот дом, како и што доверливо му кажал кошаркарот на оваа тема.

– Луѓе, што е со вас, никогаш не сме биле поблиски. Нема ништо од разводот, немам поднесено никакви документи за развод, барем на вас прво би ви кажал – му рекол Теодосиќ на својот близок пријател, кој се огласил за „Република“.


Инаку, Теодосиќ вчера го прослави својот 37 роденден, а Јелисавета и тој беа снимени како се подготвуваат за прославата. Исто така, на Теодосиќ му се обрати и Милица Орашанин, сестрата на Јелисавета, која му го честиташе роденденот.

– Среќен роденден – напиша Милица и ја објави неговата фотографија со детето.