ПРВА ОПЕРЦИЈА ОД ОВОЈ ТИП ВО ИСТОРИЈАТА НА МЕДИЦИНАТА – На маж од Италија му била парализирана раката, а тоа што го направиле докторите е фасцинантно
Маж од Италија ја вратил употребата на парализираната рака благодарение на трансплантација на нерв од ногата, а овој случај е прв ваков регистриран во светот.
„Операцијата е извршена во вторник во болница во Торино и тоа е првпат во светот“, се вели во соопштението на локалната здравствена агенција, кое го пренесуваат италјанските медиуми.
Пациентот е 55-годишен социјален работник кој по сообраќајна несреќа остана без дел од левата нога и со целосно оштетување на брахијалниот плексус на левата рака.
Процедурата спроведена од докторите е опишана како „пионерска“ и вклучувала префрлање на дел од ијатичниот нерв на горниот дел од телото.