Прва седница на новиот турски Кабинет

 – Турскиот претседателски Кабинет денеска го одржува првиот состанок со новите членови по претседателските избори одржани на 28 мај.

Со седницата во Претседателскиот комплекс претседава турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган и новите членови на Кабинетот претходно го посетија „Аниткабир“, мавзолејот на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.