Прва фотографија од трудната Тамара Драгичевиќ: Стомакот се гледа под хеланките, а таа изгледа брутално
Наскоро ќе го роди третото дете
Срспакат актерка Тамара Драгичевиќ е во блажена состојба и наскоро ќе го роди третото дете.
Таа се уште ги минува деновите работејќи во бременоста, а синоќа се појави на сцената на Ателје 212 и изведе маестрален настап пред белградската публика.
Присутните можеа да забележат дека трудничкиот стомак на актерката веќе се гледа под хеланките и краткиот горен топ што го носеше.
На социјалните мрежи се појавија првите фотографии со нејзиниот труднички стомак, а како тоа изгледа погледнете на фотографијата во продолжение.
Да потсетиме, популарната актерска двојка е во брак од 2016 година, а на крајот на истата година ја добија ќерката Сташа.
Три години подоцна, односно во август 2019 година, нивното семејство стана побогато со уште еден член, момчето Лазар.