Првиот вселенски лет со туристи беше успешно завршен

Вселенскиот брод „Џунити“ на кој имаше тројца туристи и тројца членови на екипажот на компанијата „Вирџин Галактик“ успешно се врати на Земјата, откако стигна до работ на вселената.

Како што пренесува „The Guardian“, туристите од таа точка, на височина од 13 и пол километри, ја набљудувале заобленоста на планетата и почувствувале отсуство на земјина гравитација, односно бестежинска состојба, по што се вратиле на Земјата. Авионот со ракетен погон безбедно слета во Спејспорт Америка во Ново Мексико.

Во вселенскиот брод „Единство“ беа Кејша Шахаг и нејзината ќерка Анастасија Мајерс од Абердин, која на лотарија освои место на вселенски патувања, како и поранешниот олимпиец Џон Гудвин од Њукасл, кој беше првиот купувач на билет за патување во вселената пред 18 години која тогаш чинела 250.000 долари.