Светска сензација во најава: Марија Шарапова се враќа на терен!? Ова ќе биде враќање на векот! (фото)

Руската тенисерка Марија Шарапова би можела да се врати на теренот по повеќе од три години.

Така барем прогнозираат некои руски медиуми, анализирајќи ги последните потези на нивниот најдобар рекет на сите времиња.

Шарапова се повлече пред три години, се породи минатото лето, го доби синот Теодор со сопругот Александар Гилкс, милионер од Велика Британија, паметно ги вложи парите и сега можеби фантазира да се врати на терен.

,,Марија во последните месеци повторно почна да се појавува во тениските кругови. Таа беше на турнирот во Монтреал, се ангажираше и во борбата против нееднаквоста во висината на наградните средства за тенисерите…“, истакнуваат во Русија.

Големата Русинка повторно почна да вежба.

,,Се враќам на редовните тренинзи. Повторно вежбам бидејќи: Во здраво тело здрав дух”, објасни на социјалните мрежи за својата активност во теретана без да ги открие причините за враќање на физичките активности.

Дека не тренира бадијала потврдуваат и зборовите на Дарија Севил, поранешна руска тенисерка која игра како Австралијанка:

,,Очекувам уште едно враќање на мајките на теренот. Никој не тренира ако не планира повторно да игра тенис“, изјави Севилја откако го погледна видеото што го објави нејзината поранешна сонародничка.

Враќањето на теренот на Данката Каролин Вознијацки може да послужи како инспирација за Шарапова.

Каролина нема играно од зимата 2021 година, а Марија се пензионираше на почетокот на 2020 година, непосредно пред пандемијата на корона.

Во меѓувреме, 33-годишната Данка роди две деца, летово се врати на теренот и веќе се пласираше во осминафиналето на УС Опен.