Теа Таировиќ ќе земе 150.000 евра за 10 ноќи: Еве што уште бара да  ѝ  биде платено! (фото)

Теа Таировиќ ќе заработи 150.000 евра за 10 настапи во Америка! Пејачката замина на двонеделна турнеја, која веќе беше распродадена со месеци однапред, а за само еден нејзин настап организаторите мораа да одвојат 15.000 евра!

Таировиќ досега има настапувано четири пати, а според изворот до крајот на септември се очекува да одржи уште шест концерти.

– Таа досега има настапувано пред Балканците во Атланта, Чикаго, Флорида и Мајами. За секојаќ од тие насттапи се бараа билети повеќе, а организаторите дури прашаа дали има шанса да се продолжи турнејата бидејќи интересот за Теа беше огромен. Самата Теа се шокирала кога видела колку се полни дискотеките каде што настапува и колку ја сакаат таму. Кога синоќа на Флорида ги пееше песните од новиот албум, почна да плаче бидејќи сите заедно со неа ги пееја нејзините хитови. Ни во најлудите соништа не можеше да замисли дека ќе има толку многу фанови во „ветената земја“ – рекол изворот и додал дека таа сепак морала да го одбие продолжувањето на турнејата.

– Не можеше да се продолжи затоа што Теа е „распродадена“ до ова време следната година! Таа одамна договорила новогодишен настап, а буквално сите викенди и’ се резервирани неколку месеци однапред.

Теа Таировиќ е на листата на најплатени пејачки во регионот. По концертот на белградски „Ташмајдан“ пред околу 10.000 луѓе, нејзината цена се зголеми за повеќе од двојно.

– Пред „Ташмајдан“ настапот на Теа чинеше 7.000 евра, а сега е 15.000 евра! Исто така, за сите понатамошни дестинации каде што настапува, нејзиниот менаџмент бара авионски билет од бизнис-класа од организаторот, што значително ги зголемува вкупните трошоци.

И покрај тоа, побарувачката за тоа е огромна, бидејќи забавата е загарантирана – вели изворот.

Да потсетиме, Теа пред неколку месеци го издаде албумот „Балерина“ кој со недели беше број еден на сите топ листи, а нејзините песни беа во тренд на YouTube. Исто така, пејачката за секоја песна снимила високобуџетен спот, а на промоцијата на новинарите им објаснила дека во тој проект вложила околу 300.000 евра.