Моравме да се криеме по паркинзи: Викторија Бекам проговори за почетоците на врската со Дејвид, а вака се запознале (фото)

Модната дизајнерка Викторија Бекам (49) откри дека таа и Дејвид Бекам (48) на почетокот морале да ја чуваат својата врска во тајност. Во вторникот беше објавен трејлерот за документарецот за нивното семејство „Бекам“, а Викторија во кратко видео изјави дека добиле наредба никому да не кажуваат дека се заедно. –

Мојот менаџер ми велеше: „Обиди се, чувај ја врската во тајност“, рече Викторија.

Таа откри и како успеале да се гледаат без никој да ги забележи.

– Се гледавме на паркинзи, не е толку излитено како што звучи – рече таа.

Откако раскажа за нивните почетоци, во објавата се појави и Дејвид кој накратко и низ смеа рече: Отмено.

Новиот документарец се врти околу Дејвид и неговата успешна кариера. Исто така, ќе бидат прикажани моменти од неговата врска со Викторија, која започна во 1997 година.

Дејвид и Викторија се запознале на еден од натпреварите на Дејвид, додека тој настапувал за Манчестер Јунајтед. Бекам еднаш ја опиша нивната прва средба.

– ,,Зборувавме еден час во салонот на играчите, а тој ден таа тргна со возот дома. Таа ми го напиша својот број на билетот за воз, кој сè уште го имам“, изјави Дејвид претходно.

Cамо една година откако се запознале, се вериле, а пред венчавката откриле дека го чекаат своето прво дете, синот Бруклин. Тие се венчаа во 1998 година, откако се роди Бруклин.