Автобус со средношколци слета во провалија! Детали за сообраќајната несреќа во Њујорк: Едно лице загина, 46 се повредени (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина, а 46 се повредени, од кои пет критично, во автобуска несреќа во близина на Њујорк.

Автобусот превезувал членови на оркестарот на средното училиште Фармингдејл од Лонг Ајленд кога излетал од патот, јавува NBC.

Засега не е позната причината за несреќата, а отворена е истрага.

Повредените ученици се пренесени во блиските болници, а петмина од нив се во критична состојба, потврди локален претставник.