Најновиот iPhone 14 беше лансиран минатиот септември, но сето тоа започна уште во 2007 година кога Стив Џобс го претстави на 9 јануари во MacWorld во Сан Франциско.
Првите паметни телефони на Apple лансирани таа година сега вредат далеку повеќе од нивната почетна цена од 499 долари (465,46 евра).
Ова е „еден од најважните и сеприсутни пронајдоци во нашиот животен век“, се вели на аукциската листа, уред кој „засекогаш ја промени индустријата на паметни телефони“ и сега „нашироко се смета дека има висока вредност меѓу колекционерите од високата класа“, пишува TechRadar.
Оригиналниот iPhone вклучуваше простор за складирање од 4/8 GB, иновативен екран на допир, камера од 2 мегапиксели и веб-прелистувач. Иконската кутија имаше слика на iPhone во природна големина со 12 икони на екранот. Брзо стана најуспешниот производ на Apple и засекогаш ја промени индустријата на паметни телефони. Списанието Тајм го прогласи за пронајдок на годината во 2007 година.
Во октомври 2022 година, неотворен iPhone беше продаден за 39.340 долари (36.744,35 евра), надминувајќи ја очекуваната продажна цена од 30.000 долари (28.026,60 евра). Во август 2022 година, iPhone беше продаден за 35.000 долари (32.694,55 евра) и неотворена прва генерација на iPod е продаден за 25.000 долари (23.357 евра).
Оригинален, неотворен iPhone 1 сега е ставен на аукција и се очекува да достигне цена од 50.000 долари (46.730,50 евра). Тоа не е лош поврат на инвестицијата по 16 години.
Моменталната највисока понуда за предметот е над 16.000 долари (14.946,56 евра), а аукцијата трае до следниот четврток.