Првите фотографии од местото на трагедијата во Подгорица: Таткото ги убил синот и сопругата, па себеси – дали и ќерката била во куќата?

По невидената семејна трагедија на улицата Требињска владее молк. И покрај сончевиот ден, во него сè е пусто, а полициската патрола на Подгорица се уште дежура пред станот каде пензионираниот полицаец М.Д.(52) ги убил сопругата В.Д.(50) и синот Ѓ.Д. (12).

– Можевме да слушнеме бучава од расправии од нивниот стан, а потоа и истрели, но не ни помислувавме дека се случила таква трагедија. Ова е нечуено, цело утро не можеме да се опаметиме. Тие беа нормално семејство, тој пензиониран полицаец, а сопругата воспитувачка. Можеби имале проблеми, но ништо не може да биде причина за овој хорор што се случи – велат за РИНУ соседи кои исто така живеат на улицата Требињска.

Според сè уште непотврдени информации, во станот во моментот на злосторството била и ќерката, која успеала да побегне од станот. Црногорската полициска управа сè уште не ја потврди оваа информација во своето соопштение.Подгорица

Двојното убиство и самоубиство го извршиле со огнено оружје, кое било во легално поседување на М.Д

„Според засега достапните информации, пиштолот што бил употребен како средство за извршување на ова кривично дело бил во приватна сопственост. На местото на настанот се пронајдени уште две огнени оружја за кои полицијата ќе утврди дали биле законски поседувани“, соопштија од Полициската управа.

Во соопштението се додава дека според досегашните податоци со кои располага Управата на полицијата, се сомнева дека мотив за ова кривично дело е „насобрана состојба предизвикана од здравствената состојба на член на семејството – момчето кое е лишено од живот.