ПРВИ СНИМКИ – НЕВРЕМЕТО ПРИСТИГНА ВО СРБИЈА! Небото се отвори- силниот ветер носи се пред себе (ВИДЕО/ФОТО)

БЕЛГРАД – РХМЗ издаде итно предупредување за подрачјето на Србија за тешки временски услови и обилни врнежи од дожд и град!

Силно невреме го зафати главниот град.


Во Белград околу 13 часот и 40 минути започна невреме, а социјалните мрежи беа преплавени со видео снимки од катастрофата што ги зафати градовите во Србија, пред се од Обреновац, каде сред бел ден падна мрак.

Град паѓа на Баново Брдо и Жарково, како и на Нов Белград, кршејќи ги шофершајбните на автомобилите. Исто така поради силно невреме снема струја.

Првите снимки од невремето пристигнаа од западот на Србија, кој во моментов е погоден од силен град.

– Невремето полека ќе се движи кон исток и до крајот на денот ќе ја зафати цела Србија, со пороен дожд, град и бурен западен ветер во пределот на фронтот.