Во гаснењето на пожарот во Свети Николе активирани два хеликоптери на МВР

Голем пожар избувна денеска на пладне во непосредна близина на Свети Николе, кај месноста Кривчева река, информираат од ЦУК.

Поради опасноста огнот да ги зафати блиските штали и викендички, во гаснењето беа активирани и два хеликоптери на МВР, а на терен се припадници на противпожарната единица од Свети Николе и доброволното противпожарно друштво. Гори сува трева и
ниска вегетација.

  • Дува ветер и можно е да се прошири на спротивната страна, но сега за сега
    е под контрола. Во моментот ги очекуваме, едно возило со пет пожарникари од Штип, кои треба да пристигнат во секој момент и две теренски противпожарни возила од Велес. Се надеваме дека нема да има проширување, изјави за МИА градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев.

Градоначалникот се сомнева дека причина за пожарот е човечки фактор, односно запалено стрниште.