ПРВИ СНИМКИ ОД УЖАСОТ ВО СИДНЕЈ: Застрашувачки сцени од напад во трговски центар, маж лежи во локва крв, меѓу избодените и бебе (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Неколку посетители на трговскиот центар Бонди во Сиднеј биле избодени со нож во напад што се случил околу 16 часот по локално време!

Службата за брза помош на Нов Јужен Велс соопшти дека седум лица биле пренесени во болница со убодни рани. Меѓу нив има и деветмесечно бебе кое е префрлено во детска болница во Сиднеј.

Портпаролот на Брзата помош во Нов Јужен Велс изјави дека имало двајца наводни напаѓачи и еден од нив е мртов.

Полицијата во моментов трага по вториот напаѓач.

Медиумите неофицијално наведуваат дека има најмалку четворица загинати.