ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ЦРНА ГОРА – Страшни сцени покрај патот: Двајца загинале на лице место, трето лице во болница (ФОТО)

Тројца млади лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи ноќта меѓу саботата и неделата на патот Бар – Улцињ, соопшти црногорската полиција.

– Во оваа сообраќајна несреќа загинаа Д.М.(21) од Улцињ, Б.Б.(20) од Бар и Н.Д.(18) од Рожај – информираат од полицијата.

Во Општата болница Бар, со повреди опасни по живот се лекуваат Л.П.(18) и А.В.(18) од Бар.

Како што може да се види на фотографиите од местото на несреќата, автомобилски делови се расфрлани по патот, а возилата се уништени до непрепознатливост.

– До несреќата дошло како последица на судир на автомобил „ауди А3“ со улцински регистерски таблици управувано од М.Д и возило „Сеат“ со бар регистерски таблици управувано од Б.Б.(20). Возачот на „аудито“ и Н.Н. кој бил сопатник во „Сеатот“ починал на лице место. Во Барската болница на повредите им подлегнала девојката Б.Б., која го управувала „Сеатот“ – информираат од полицијата за Радио Бар и Бар Инфо..

Според полицијата, судирот се случил 40 минути по полноќ, на главниот пат Бар – Улцињ, во населбата Утјеха.

– Во ноќта меѓу саботата и неделата во Општата болница Бар се донесени тројца пациенти кои се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода. За жал, едно лице почина при прием – изјави за Приморски портал д-р Раде Станисављевиќ, дежурен лекар во Општата болница во Бар .