Прво огласување на Северина откако Судот ѝ го врати синот: Ќе барам самостојно старателство!

Само дваесет дена по одлуката на Врховниот суд кој ја прифати ревизијата и ја поништи одлуката на Жупанискиот суд во Сплит поврзана со заедничкото старателство на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над нивниот син, што предизвика голема бура во јавноста враќањето на старателството целосно на Милан, имаше уште еден пресврт во случајот.

Како што пишуваат хрватските медиуми, синот и’ бил вратен на Северина, а пејачката проговорила за тоа.

Милан Поповиќ, Северина

– Не очекував дека Жупанискиот суд во Сплит толку брзо ќе донесе нова одлука, бидејќи досега во мојот случај, односно моето дете, сè беше бавно, полно со неправда и корупција, вели Северина.

– Сплитскиот суд повторно донесе пресуда како во 2021 година, пола – пола, добро е и вака, сè е подобро од двапати неделно по четири часа, но нема да застанам тука – ќе одам до крај. Ќе барам самостојно старателство и секако ќе продолжам да се борам за сите жени, односно нивните деца со кои си игра системот, жртви на системот и институциите, „моќни и немоќни жени“ – додаде пејачката.