Прегазен пешак во Дебар, лицето се бори за живот (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Вечерва околу 21:00 во центарот на Дебар прегазен е пешак.

Засега не се знаат точните причини за овој грозоморен чин. Поројниот дожд и маглата ги отежнуваа условите на патиштата.

Пешакот се обидел да ја премине улицата кога во него удрил автомобил кој се движел со голема брзина.

На повредениот патник му е укажана помош од случајните минувачи. Во лоша здравствена состојба префрлен е во Општата болница во Дебар.

Екипи на МВР се на местото на настанот и работаат на расветлување на случајот.