Предаторот во исто време имал 9 сериозни врски: Познат фудбалер 8 години спиел со сопругата на сопствениот брат, ја изневерувал бремената сопруга (фото)

Рајан Гигс е роден пред точно 50 години на денешен ден во Кардиф.

Иако на теренот важеше за голем џентлмен и вистински добар човек, во приватниот живот Велшанецот беше сосема спротивно.

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Велс зад себе има голем број на афери, поради што беше и во затвор.

Еден од најдобрите крилни играчи во историјата поради тоа го доби прекарот „сексуален предатор“. Тој е познат по тоа што ја има речиси секоја девојка што ја сака.

Најголем скандал секако е аферата со сопругата на сопствениот брат, која подоцна го абортирала нивното детето. Таткото Дени Вилсон јавно се одрече од него и застана на страната на неговиот син Родри.

– Не гледам како играчите можат да му веруваат на Рајан по она што му го направи на својот брат. Осум години спиел со сопругата – рекол тогаш таткото.

Во 2011 година Гигс ја шокираше јавноста кога беше откриено дека имал осумгодишна врска со Наташа Гигс, сопругата на неговиот брат Родри. Наташа го запозна Рајан во март 2003 година во ноќен клуб во Манчестер. Спиела со него додека неговата бремена сопруга Стејси била дома. По два месеци започнала врска со неговиот брат Родри, за кого подоцна се омажила. Наташа, исто така, откри дека го абортирала неговото дете неколку недели пред да се омажи за Родри во Лас Вегас во 2010. Додека скандалот ја шокираше јавноста, тешко е да се замисли како се чувствувала сопругата на Рајан, Стејси, со која има ќерка и син.

Меѓутоа, тоа не му била единствената врска со палавиот Рајан Гигс, кој ја изневерил сопругата и со старлетата Имоген Томас, која исто така решила да излезе во јавност и да открие сè. Ниту тоа не му било доволно на Рајан и се обидел да ја заведе мајката на неговата свастика, но не успеал. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед никогаш не му се извини на својот брат за гревовите, а за Родри, Гигс веќе не постои.

„Сите имаме слабости. На Рајан му беше тоа што, кога излегува, мора да спие со жени. Тој е сексуален манијак. Но, не го мразам, жал ми е за него“, рече Родри за неговиот брат неколку години.

Рајан се раздели од сопругата Стејси со која беше во брак десет години и со која има две деца. Таа на суд освои нешто повеќе од 40 милиони евра.

Гигс потоа се впушти во афера со Кејт Гревил, која подоцна го обвини за сексуална и физичка злоупотреба.

Поради нападот врз Кејт, полицијата го уапсила пред три години, а одредено време поминал зад решетки.

,,Јас сум сериски љубовен измамник. Го лажам секој партнер. Не можам да и’ одолеам на атрактивна жена”, рекол Гигс на судењето во 2022 година.

Кејт на споменатото судење откри многу детали од нивната, најблаго речено, бурна врска, а зборуваше и за тоа како, меѓу другото, и’ фрлил лаптоп.

Таа го откри и шокантниот детаљ дека Рајан имал дури 9 врски во исто време.

„Она што го најдов на неговиот iPad беше полошо отколку што можев да замислам. Тој имаше афери со осум жени додека беше со мене“.

За да биде сè уште поневеројатно: „Тоа беа сериозни врски“.

Таа потоа појасни дека некогаш имала впечаток дека во главата на Гигс имала само една улога.

„Тој доаѓаше кај мене наутро, ќе имавме секс, се чувствував како да ме користи само за секс. Немаше да ме остави на мира, немаше момент кога не сакаше да има секс. Дојде кај мене за секс, а потоа одлета во Барселона со друга девојка. Една минута ќе рече дека нашата врска нема да функционира, а потоа ќе ми испрати провокативни слики“.

Гигс од самиот почеток негираше навредливо однесување кон неговата поранешна девојка, како и кон нејзината сестра. Обвинителството кон средината на оваа година го повлече обвинението

Неговото признание дека не може да се контролира не им пречи на девојките. Напротив. Неодамна беше фотографиран со атрактивната Зара Чарлс, 14 години помлада од него. Папараците го снимиле Гигс додека се шишал, а пред фризерскиот салон го чекала неговата девојка.

Гигс зад себе остави одлична играчка кариера. За Манчестер Јунајтед одигра 963 натпревари и постигна 168 голови. За репрезентацијата на Велс играше 64 пати, а по играчката кариера стана селектор на родната земја.

Во пресрет на судењето, тој поднесе оставка од селекторската функција во јуни 2022 година.