Предвремено роденото бебе на Марина докторот го ставил во торба и го испратил во мртовечница: Одеднаш се слушнал плач
Марина рече дека ден по породувањето, лекарите во болницата ја натерале да поверува дека чудо се случило преку ноќ и дека нејзината ќерка се вратила во живот
Наскоро гинекологот Флоријан Роб ќе му се суди поради обвинението дека ставил предвремено родено бебе во торба во породилиште во Букурешт и го испратил во мртовечница додека сè уште давала знаци на живот.
Тој верувал дека нема шанси детето да преживее, па се решил на таков чекор.
Бебето добило шанса да живее пред пет години од медицинска сестра, кога сфатила дека детето во црната торба е се уште живо.
“Сестрата веднаш се јавила на лекар кога сфатила дека бебето е живо. Тој одговорил дека ако детето е живо да го донесе кај него да ја пресече папочната врвца за да умре. Ми кажа дека сум родила мртовo дете, не можев да верувам дека тоа се случи“, изјави Марина.
Кога сфатила што се случило, Марина плачела од болка. За среќа, нејзината ќерка успеала да преживее. Сега има пет години, а последиците се уште се видливи.
“Не направи несреќни, нас и нашето дете. Не разбирам зошто. Која беше причината. Мојата ќерка воопшто не зборува. Кога нешто и треба, не фаќа за рака и не води да го дадеме неа.Имам моменти кога ми е многу лошо, но станувам и се борам за неа“, изјави Марина.
Марина изјавила дека ден по породувањето, лекарите во болницата ја натерале да верува дека преку ноќ се случило чудо и дека нејзината ќерка оживеала.
Никој не и објаснил што се случило, а денес по пет години нема одговор на многу прашања.
Марина и нејзиниот сопруг пред само две години најдоа сила да поднесат тужба против гинекологот Флоријан. Кога излегоа во јавноста со нивната приказна, ги контактираа неколку семејства чии животи тој ги загорчил.
Доколку гинекологот биде осуден, му се заканува затворска казна до 14 години.
„Имаше однапред смислена идеја дека некои деца не заслужуваат да живеат, дека ќе бидат товар за општеството доколку се родат со одредени пречки во развојот“, вели адвокатот на повреденото семејство.
Со оглед на тоа што судот никогаш не ги доставил документите до болницата за постапката против споменатиот лекар, тој без никакво нарушување продолжува да работи во болницата.