Предлог-закон за амнестија во четврток на собраниска седница

Предлог-законот за амнестија помина во Владата и е доставен до Собранието, додека во четврток се очекува да се најде на дневен ред на пленарна седница. Ова го потврди заменик министерот за правда Викторија Аврамовска.

Таа рече дека предлог-законот за амнестија е поднесен од Министерството за правда со цел да се намали бројот на затвореници, кој во моментов е многу висок. Таа најави и дека групата пратеници на СДСМ ќе поднесе амандмани, пренесува Телеграф Македонија.

Предлог-законот за амнестија се очекува да биде одобрен по скратена постапка. Со него се очекува целосно ослободување од затвор 286 осуденици, а делумно амнестирани 996.

Во моментов затворската казна ја издржуваат 2114 осуденици, додека 2813 се очекува да бидат во затвор. За оние кои чекаат на ред за издржување затворска казна, од Министерството нагласуваат дека дополнително ќе се утврдува колку од нив ќе бидат опфатени со амнестијата.