Предлог-законот за амнестија по скратена постапка е на дневен ред на денешната собраниска седница.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе поднесат 5.000 амандмани за блокирање на донесувањето на овој закон, од амандманите на СДСМ за спречување на евентуална амнестија на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковци, додека министерот за правда Кренар Ллога најавува дека денеска . на пратениците ќе им покаже фотографии од условите во затворите во Македонија.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска најавуваат дека ќе го блокираат спроведувањето на законот со сите можности што ги дава Правилникот за работа.
Пресметката е дека доколку овој закон помине во Собрание, од вкупно 2114 затвореници, 286 ќе бидат целосно ослободени, а 996 делумно.
Од Министерството за правда велат дека немаат проценка колку ќе бидат амнестирани од 2.813 осуденици кои чекаат да влезат во затворите.
Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која е пратеничка на СДСМ, не се согласува со предложениот закон за амнестија.
На денешната седница беше објавен и избор на испразнетото место во Државната изборна комисија (ДИК). Согласно законот, оваа функција мора да ја добие опозициската партија од албанскиот блок. ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе го поддржи новиот член на ДИК кој ќе го избира здружената опозиција Касами, Меџити и Гаши.
На дневен ред е и распитот на републичкиот главен обвинител Љубомир Јовески, но опозицијата се сомнева дека власта ќе дозволи тој да се појави пред овие пратеници.