Љубчо Георгиевски “избриша патос” со Канал 5 Телевизија: „Ваков примитивизам во 30 години демократија немаме видено“

Социјалните мрежи повторно вријат. Прашањето е дали овде на Балканот тие некогаш и престанале да клокотат. Граѓаните секогаш гладни за ново топовско месо и жедни за крв едвај чекаат некој да им фрли коска и да ја вклучат ринглата до точка на вриење.

По синоќешното искричење, односно „конфликт“ меѓу господинот Исмет Рамадани и новинарот Александар Видиновски во емисијата Само Вистина на Канал 5 Телевизија, по кое директорот на телевизијата Иван Мирчевски се вклучи во живо и ја прекина емисијата, денес повеќемина јавни личности се јавија со свое видување на работите и свој коментар.

Дел од нив изразија поддршка за телевизијата и новинарот, дел од нив побараа разрешување на господинот Рамадани од функцијата Советник на премиерот Ковачевски, а со малку поразлично видување од нив се јави лидерот на ВМРО-Народна партија и поранешен премиер, господинот Љубчо Георгиевски. Тој на својот профил на фејсбук напиша:

„Канал 5 Тв поставува нови стандарди во македонското новинарство. Добро би било и да истепаат некој гостин наредниот пат.

Ваков примитивизам во 30 години демократија немаме видено, а мислам дека и во светското новинарство нема ваков преседан.

На ваква агресија уште пак и аплаузи да не се замерат со Канал 5.

ГОЛЕМ срам за македонското новинарство.“