Предлог за десерт: Колач со кајсии и јогурт

Овошен колач што се топи во уста.

Потребни состојки за тестото:

-2 јајца

-80 г шеќер

-80 мл млеко

-70 мл масло

-115 г брашно

-1/2 прашок за пециво

Прелив:

-500 г грчки јогурт

-180 г кисела павлака

-70 г брашно

-2 белки

-прстофат сол

-130 г шеќер

-1 ванилин шеќер

-200 г исчистени кајсии

-шеќер во прав, по желба

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Измешајте ги јајцата со шеќерот, па додадете масло, млеко и брашно измешано со прашокот за пециво. Калапот намрсете го и посипете со малку брашно, па додадете половина од тестото. Ставете да се пече околу 15 минути, па извадете да се олади околу 5 минути.

Подготовка на преливот:

Изматете ги белките и солта, па постепено додадете шеќер и ванилин шеќер, додека не добиете цврст шлаг.

Потоа изматете ги јогуртот и павлаката, па брашното и на крајот додадете ги во шлагот. Преливот ставете го над печеното тесто и убаво израмнете. На врвот наредете ги кајсиите исечени на коцки, па потоа прелијте со остатокот од тестото.

Колачот печете го уште 40 минути. Откако ќе се олади посипете со шеќер во прав или декорирајте по желба.