Редовните физички активности со себе носат низа предности, од цврсти и силни мускули до спречување на срцеви болести. Многу е важно да го одберете обликот на вежбање што најмногу одговара на вашите потреби и цели. Двата наједноставни облици се пешачењето и трчањето.
Ако не сте сигурни која активност да ја одберете, можеби е добро да ги знаете предностите и недостатоците на двете.
Предности на одењето
Многу е едноставно и не чини пари. Одлична вежба без разлика на нивото на кондиција. Освен тоа, не мора да купувате скапа опрема и различни додатоци, но не е лошо да вложите во добра облека за да ви биде печашењето удобно.
Одењето е вежба со ниско влијание. Тоа значи дека е пријателска вежба за зглобовите и идеален избор дури и за оние кои само што почнуваат со поздрав стил на живот.
Редовното одење овозможува остварување на различни здравствени и фитнес цели, помага во регулација на крвниот притисок и е соодветно ако закрепнувате од телесна повреда. Совршено е за оние кои сакаат да ослабат и останат во одлична форма.
Исто така, влијае на намалување на стресот.
Недостаток на одењето
Со одењето нема да може да постигнете некои понапредни цели. Ако сте навикнати на поинтензивни облици на активности како трчање, пливање, бокс може да сфатите дека пешачењето не е доволно интензивна активност за остварување на вашите цели.
Предности на трчањето
Со трчање се овозможува во исто време да потрошите повеќе калории отколку со одењето. Ако на пример, сакате да ослабите во краток временски период, трчањето е облик на вежбање за кое треба да се одлучите.
Оваа вежба ја спречува потребата да тренирате на подолг период. Поради нејзиниот интензитет во пократок рок може да согорите калории. Затоа е добро за оние кои немаат премногу слободно време за подолго вежбање.
Трчањето е подеднакво евтино како и одењето. Не мора да потрошите многу пари, но добро е да вложите во квалитетни патики за трчање.
Недостатоци на трчањето
Не е идеално за некој кој штотуку одлучил редовно да вежба, особено не за некој кој долго време има седечки начин на живот. Добро е првин да се одлучи а помалку интензивен стил на вежбање, со текот на времето може да се одлучи за трчање.
Со трчањето се изложувате на ризик од повреди. Со оглед на тоа дека станува збор за вежби од висок интензитет поголема е веројатноста да дојде до напрегање или телесни повреди.