– Војната меѓу Израел и Хамас е „нов облак“ на хоризонтот кој се заканува да ја затемни и онака мрачната глобална економска перспектива, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева
Таа оцени дека тешките шокови стануваат „нова нормала“ во економијата во која доминира слаб раст.
Говорејќи на годишните состаноци на ММФ и Светската банка во Маракеш, таа потврди дека „внимателно следи како се развива ситуацијата“ – особено кога станува збор за цената на нафтата.