Пред Ајфеловата кула оставени ковчези со натпис – „Француски војници од Украина“ Уапсени Бугарин, Украинец и Германец (ВИДЕО)

Пет ковчези со натпис „француски војници од Украина“ се пронајдени денеска во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, каде се приведени три лица, а полицијата истражува „можно странско мешање“.

Три лица утрово поставиле ковчези во природна големина до Ајфеловата кула, покриени со француско знаме и со натпис „Француски војници од Украина“, а внатре во ковчезите имало гипс.

Приведен е возачот на комбето кој ги превезувал ковчезите.

Тој во полиција изјавил дека „за превоз на луѓе и товар му биле исплатени 40 евра“, велат полициски извори, додавајќи дека тој ден претходно пристигнал од Бугарија.

Уште две лица се приведени на железничка станица во Париз додека се подготвувале да патуваат за Берлин, додаваат истите извори.

Приведени се бугарски, украински и германски државјанин, соопшти полицијата, додавајќи дека „во тек е истрага за да се утврди можно странско мешање“.

Париското обвинителство ја потврди националноста на осомничените и соопшти дека тие се уште се во полициски притвор за „насилство со умисла“.