Пред нас е судење за кое ќе се зборува: Дејвид Бекам тужи познат актер! Тој тврди дека го оштетил за 8 милиони

Дејвид Бекам ќе го тужи холивудскиот актер и фитнес тренер Марк Волберг, откако пропадна договорот во кој поранешниот фудбалер го промовираше фитнес брендот на Волберг и наводно го оштетил поранешниот англиски репрезентативец за осум милиони фунти, објави „Дејли мејл“.

Бекам (48) ги тужи актерот и неговите деловни соработници откако партнерството со Ф45, во кое Дејвид промовираше сопствен личен тренинг опсег, пропадна поради акциите за кои тврдеше дека му биле ветени.

Случајот е активен веќе неколку години откако Бекам и легендата на голфот Грег Норман поднесоа тужби против Ф45 пред судот во Калифорнија во октомври 2022 година. По извесно време, судијата наводно одлучил познатите спортисти да ги поднесат тужбите одделно.

Фирмата на Бекам, (David Beckham Ventures Ltd DBVL) претходно бараше отштета од дури 18,85 милиони долари според извештаите од минатата година. Во новата тужба тие бараат отштета од „Mark Wahlberg Investment Group“ на Wahlberg, како и од основачите на F45, Adam Gilchrist и Rob Deutsch.

Бекам и Волберг станаа пријатели откако фудбалерот и неговото семејство се преселиле во Лос Анџелес во 2007 година кога Дејвид потпиша за ЛА Галакси.

Потоа, тој се согласи да стане глобален амбасадор на австралискиот бренд F45 во ноември 2020 година со одлични фотографии на кои е прикажан како вежба користејќи ја опремата на брендот во еден од неговите фитнес центри. Тој, исто така, сподели некои објави на својот Инстаграм во кои го промовира F45 на неговите милиони следбеници како дел од договорот. Објавите во меѓувреме се избришани.

ДБВЛ наведува дека било ветено дека акциите на компанијата ќе бидат поделени и пуштени на пазарот на почетокот на 2022 година, но тоа се случило само неколку месеци подоцна кога цената на една акција веќе паднала од 12 на 3 долари. Со тоа е прекршен првичниот договор кој фудбалерот го имал со компанијата. Адвокатите на Бекам тврдат дека тоа го чинело дури 8,5 милиони фунти потенцијална добивка.

Дејвид Бекам

Сан објави дека Волберг и неговите сообвинети се обидуваат да ги отфрлат наводите за измама како неосновани и неоправдани.

Цената на акцијата F45 во Америка никогаш не била повисока од почетната цена од 16 американски долари. Тие сега вредат само 15 центи, според најновите пазарни податоци, а фирмата затвора филијали во неколку земји, вклучувајќи ги Австралија, САД, Велика Британија и Ирска. Волберг стана малцински акционер во Ф45 во 2019 година, откако купи удел во фирмата преку неговата инвестициска група.