Пред 24 години се одигра легендарен натпревар на Максимир! Мијат, Деки и Синиша ја ,,растурија” Хрватска – Овој несекојдневен детаљ го одбележа натпреварот ВИДЕО

На денешен ден во 1999 година на стадионот „Максимир“ во Загреб се одигра натпреварот помеѓу Хрватска и Југославија во квалификациите за ЕП 2000 година.

Натпреварот се одигра пред околу 40.000 гледачи, а заврши без победник – 2:2. Со ова реми Југославија го освои првото место во групата со 17 бодови и се избори за директен пласман на Европското првенство кое се одржа во Холандија и Белгија.

Ирска беше втора со 16 и играше во баражот, а Хрватска заврши на третото место со 15 и не се пласираше.

Головите за Хрватска ги постигнаа Бокшиќ во 20 и Станиќ во 47 минута. Стрелци за Југославија беа Предраг Мијатовиќ во 26. минута и Дејан Станковиќ во 31. минута на центаршутот на Синиша Михајловиќ.

Натпреварот го одбележа и еден детал од 41. минута од првото полувреме. Југославија мечот го заврши со играч помалку, бидејќи Зоран Мирковиќ беше исклучен бидејќи му го фати меѓуножјето на Роберт Јарни.