Прекин на интернет мрежата низ Русија – воените аналитичари предупредуваат на голема опасност во позадина: “Ја одвојуваат земјата од светот…“
Прекинот на интернет мрежата, кој беше пријавен ширум Русија во вторникот, резултираше со привремено недостапни веб-страници на domain.ru.
„Масовните ‘рафали’ на интернет конекцијата во Русија би можеле да бидат резултат на напорите на официјална Москва да го воспостави својот ‘суверен’ интернет систем“, велат воените аналитичари, а пренесува Sky News.
Институтот за проучување на војната (ISW) објави дека неколку големи руски телекомуникациски компании биле погодени од прекинот.
Во исто време, Министерството за дигитални технологии на Русија го сведе прекинот на технички проблем.
Но, според ISW, руската организација против цензура, проектот „Net Freedoms“, како и други опозициски медиуми, објавија дека Русија се обидува да воспостави сопствен „суверен интернет систем“ и да ја исклучи земјата од глобалната мрежа.
„Рускиот закон за ‘суверен интернет’ стапи на сила во ноември 2019 година. Тој најверојатно ќе се користи за на крајот да се зголеми надзорот и цензурата во рускиот информативен простор“, велат од ISW.
Аналитичарите велат дека Кремљ ги интензивирал напорите да ја консолидира контролата врз рускиот информативен простор пред претседателските избори во март.
„Овие напори го поддржуваат развојот на системот суверен Интернет“, тврдат истражувачите на ISW.