Премиерот Микати: Либан не сака да влезе во војна

– Либан не сака да оди во војна, изјави денес либанскиот премиер Наџиб Микати.

Говорејќи за последните случувања во соседните Израел и Палестина на либанската телевизија, Микати рече дека безбедноста и стабилноста се од суштинско значење за Либан, но додаде: „Сепак, не можев да добијам гаранции за случувањата од ниту една страна, бидејќи ситуацијата постојано се менува“.

Истакнувајќи дека Израел треба да престане со своите провокативни прекугранични напади врз Хезболах, Микати порача: „Затоа што Либан не сака да влезе во војна“.

Во текот на изминатата недела тензијата се разгоре долж израелско-либанската граница, израелските сили и Хезболах разменија оган повеќепати.

Тензијата настана пред една недела, кога израелските сили започнаа континуирана, силна воена кампања врз Појасот Газа како одговор на воената офанзива на палестинската група Хамас на израелски територии.