Премиерот на Летонија ја потврди оставката по распадот на неговата коалиција

– Летонскиот премиер Кришанис Каринш денеска ја потврди својата оставка, со што автоматски завршува мандатот на неговиот кабинет, согласно Уставот, јави ДПА.

Владата, која падна од власт поради внатрешни спорови во коалицијата, ќе продолжи да работи до инаугурацијата на новиот кабинет. Летонија, која е членка на Европската Унија и НАТО, се граничи со Русија и Белорусија, потсетува ДПА.

Претседателот Едгарс Ринкевичс, чии овластувања вклучуваат и назначување на нов премиер, најави дека следната недела ќе започне консултации со сите парламентарни партии.

Тој побара од новата влада да си постави примарна задача да ја доведе земјата до просечното ниво на благосостојба во ЕУ до 2030 година.

Каринш предводеше трипартиска коалиција која ја вклучуваше неговата конзервативна партија Ново единство заедно со конзервативната Национално единство и центристичката партија Обединета листа.

Коалицијата се распадна откако Каринш се обиде да вклучи две левичарски опозициски партии во неа, и покрај неподготвеноста на неговите партнери.

Неговата партија ја номинираше поранешната министерка за благосостојба Евика Силинија за можен наследник на Каринш, роден во САД, кој е на власт од 2019 година, откако тој во понеделникот објави дека не сака да ја предводи следната влада.