Премиерот смета дека Алијансата има капацитет да биде дел од европската коалиција

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека Алијансата за Албанците има капацитет да биде дел од европската коалиција.

„Не станува збор за убедување, но кога се создаваат коалиции од суштинско значење е да се споделуваат заеднички вредности, кои се однесуваат пред се на визијата за модерно општество и модерна држава со економски просперитет, социјална правда и демократија на највисоко ниво. слободата на медиумите, владеењето на правото е многу понапредно од денес и на овие основи ќе се градат коалиции, рече премиерот на прашањето дали ќе ја убеди партијата на Арбен Таравари да влезе во владината коалиција.

Ковачевски истакна дека АСХ има капацитет да разговара на вакви теми и смета дека врз основа на тоа може да се разговара за идни коалиции и настапи на избори.

Премиерот додаде дека имаат јасен коалициски договор со ДУИ и делат исти вредности во однос на членството во Европската унија