ПРЕМИЕР ЛИГАТА ДОНЕСЕ НОВО ПРАВИЛО! Заборавете на 90-минутниот натпревар, доаѓа ‘кошмарот’ од Светското првенство во Катар
Натпреварите во Англија ќе траат многу подолго од следната сезона.
Премиер Лигата одлучи да воведе голем новитет за следната сезона и натпреварите ќе бидат многу подолги во иднина. Почнувајќи од 2023/24 година ќе се применува упатството кое важеше на Светското првенство во Катар, што подразбира дека временскиот надоместок се пресметува сосема поинаку и носи голем број дополнителни минути. Оваа практика изненади многумина за време на Мундијалот, каде дури се случи натпреварите да бидат продолжени и за повеќе од 10 минути, но во Англија тоа не им е гајле.
Sky Sports пренесува дека четирите најсилни лиги во Англија – Премиер Лигата, Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2 – од следната сезона ќе се обидат на овој начин да се справат со „крадците“ на времето и се надеваат дека подолго време за компензацијата ќе ги принуди играчите да не одолговлекуваат како сега.
Така официјалните лице пресметале дека минатата сезона во Премиер Лигата топката била во игра само 55 минути, а во второто, третото и четвртото ниво на англискиот фудбал тоа е уште помалку. Претпоставката е дека новото правило ќе го промени тоа, но сепак се е во доменот на теоријата.