Пренџов: На изборите на 24 април Силјановска ќе има околу 100 илјади гласови предност пред Пендаровски
„На овие избори нема да се бира помеѓу Русија и Европска Унија туку ќе се бира помеѓу потребите на граѓаните и државата, а од друга страна Али Ахмети и Миле Зечевиќ и компанија, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.
Тој продолжи и додаде дека на изборите на 24 април во првиот круг професорката Силјановска ќе има околу 100 илјади гласови предност пред второ пласираниот според анкетите Стево Пендаровски.
„Најголем дел од граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока и затоа сите граѓани ќе ја дадат поддршката за професорката Гордана Силјановска Давкова“, кажа Пренџов.
Тој продолжи и додаде дека секој еден не само од Македонија туку и од надвор гледа дека моментално граѓаните во Македонија живеат во заробена држава од неколку луѓе од две политички партии каде државата им е гранапче и се прави што се сака.
„Владата го користи Собранието предизборно со многу коруптивни закони бидејќи се спремаат за бегање и затоа гледаат да искористат што е можно повеќе во Собранието“, рече Пренџов.
Тој заклучи дека за првпат после 20 години во Република Македонија ќе има целосна промена на власта на политичката сцена во која и ДУИ ќе замине од политичката сцена.