ПРЕПАД НА 2.500 км ОД ФРОНТОТ: Дигната во воздух руската пруга со која се транспортира муниција од Северна Кореја во Украина?! (ВИДЕО)
Украински партизани тврдат дека ја кренале во воздух пругата во Русија која била користена за транспорт на муниција од Северна Кореја до линијата на фронтот во Украина!
– Нашите агенти успеаја да извршат успешна операција на Транссибирската железница кај Екатеринбург. Железничката линија по која се доставуваше севернокорејска муниција е разнесена – напиша групата Атеш на својот канал Телеграм.
— Pluton (@Pluton45873221) July 6, 2024
Атеш е воено партизанско движење кое дејствува на окупираните територии на Украина и на територијата на Русија, што го создадоа Украинците и Кримските Татари во септември 2022 година.
Групата објави мапа на која е прикажана наводната локација на нападот и кратко видео на кое е прикажана експлозијата. Според портпаролот на групата, саботажата ја извршил еден од нивните руски агенти.
-Одби да биде награден бидејќи работи од идеолошки причини. Неговата цел е да ја запре криминалната војна што неговата земја ја води против Украина – изјави портпаролот на групата за Киев пост.
Екатеринбург е оддалечен околу 2.500 километри од Украина.
Севернокорејските војници, да потсетиме, наскоро треба да пристигнат на тлото на Украина за да ја поддржат Русија во војната, објави неодамна Пјонгјанг.