Во текот на ноќта и утре особено претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h), соопшти Управата за хидро-метеоролошки работи. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе опадне.
До четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и повремено
засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Утре, според УХМР, минималната температура во земјава ќе биде во интервалот од -1 до 9 степени целзиусови, а дневната од 5 до 16 степени Целзиусови. Во Скопје минималната температура ќе изнесува 4 степени, а максималната дневна ќе достигне 15 степени.