Претреси кај лица кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија

Се вршат претреси утринава кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со скандалот на Клиниката за онкологија.

Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.

Полицијата утрово ги проверила лекарите од Клиниката за онкологија.

. Истражувањето е дел од акцијата што поранешниот министер Оливер Спасовски ја започна пред неколку месеци со скопското обвинителство за серијата злоупотреби што се случија во оваа клиника.

Според информациите, проверки имало и пред неколку месеци, по што обвинителството ја отворило предистражната постапка.

Во текот на денот чекаме информации од Обвинителството за денешните проверки.