Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, денеска извшиле претрес во дом и други простории кај Е.Ј. (41) од с.Семениште, скопско. При претресот пронајдени се автоматска пушка, два пиштола, една рамка за пиштол, две рамки за автоматска пушка и 71 куршуми, соопшти МВР.
Е.Ј. е приведен и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.