– Полициски службеници од СВР Скопје извршија претрес во дом на Т.Н. (54) во Скопје. При претресот пронајдена е марихуана и импровизирана сушара за марихуана, како и неколку саксии со канабис.
Како што соопшти МВР, претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје.
Т.Н. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.