Претрчал кон зградата на Министердтвото и се разнел: Ова е моментот кога бомбашот го нападна седиштето на турската полиција во Анкара (ФОТО, ВИДЕО)

Вознемирувачко видео од нападот на зградата на турското Министерство за внатрешни работи во Анкара е објавено на Јутјуб каналот на британски Тајмс и Сандеј Тајмс.

На него се гледа како автомобил застанува пред седиштето на турската полиција, по што еден од двајцата напаѓачи кои носат експлозив излегува од автомобилот и почнува да трча кон зградата и се разнесува пред капијата.

Ал Џезира претходно ја пренесе изјавата на Али Јерликаја, турскиот министер за полиција, дека двајца напаѓачи се одговорни за детонацијата и пукањето пред седиштето на министерството рано утринава.

Тој рече дека еден од напаѓачите се разнел, а другиот е „неутрализиран“.

На снимката која се појави на социјалните мрежи може да се види дека поради овој напад околу Анкара се распоредени безбедносни сили.

Експлозијата одекнала околу 9 часот и 30 минути во близина на турскиот парламент, кој попладнево повторно заседава по летниот распуст со присуство на претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган.