Претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи во посета на Турција

Претседавачот со ОБСЕ и шеф на македонската дипломатија Бујар Османи денеска ќе ја посети Република Турција заедно со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.  

За време на посетата Османи ќе има работна средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Посетата се одвива во време на тешка состојба во Турција, по серијата разорни земјотреси во кои животот го загубија десетици илјади луѓе, стотици илјади се повредени, а во погодените подрачја целосно е уништена инфраструктурата што доведува до дополнителни потешкотии за достава на хуманитарна помош, храна и вода за преживеаните. Посетата на претседавачот со ОБСЕ, Османи, е во насока  на поддршка на напорите за зголемување хуманитарната помош од земјите учеснички и фондовите на ОБСЕ кои се за оваа намена, соопшти МНР